Кина започна со воени вежби во Тајванскиот теснец

April 8, 2023
1 min read

Кинески воени бродови денеска почнаа со вежби со вистински оган како дел од тридневната воена вежба која Кина ја нарекува „предупредување“ за протајванските сили за независност.

Амфибискиот десантен брод – за транспорт на војници, авиони и возила – утрово истрела неколку гранати во областа на заливот Луојан во близина на брегот на провинцијата Фуџијан, на околу 50 километри северозападно од островот Мацу во близина на копно под контрола на Тајван.

Овие вежби започнаа само неколку часа откако претседателката на Тајван, Цаин Инг-вен се врати од патувањето во САД, каде што таа имаше состанок со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Калифорнија. Оваа посета, кинеските власти ја нарекоа провокација и уште еднаш истакнаа дека Тајван е нераскинлив дел од Кина

„Овие операции служат како строго предупредување против дослух меѓу сепаратистичките сили кои бараат „независност на Тајван“ и надворешните сили и против нивните провокативни активности. Тие се неопходни за да се зачува националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Кина“,

велат од Пекинг.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека 42 кинески воени авиони и осум бродови ја преминале средната линија на Тајванскиот теснец. Оваа линија е всушност неофицијална линија на поделба меѓу кинеската и тајванската територија. Од таму изјавија дека Кина ја искористи посетата на тајванската претседателка на САД за спроведување на овие вежби со што се поткопува мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Тридневната операција под името „Обединет остар меч“ ќе трае до понеделник, а додека траат вежбите ќе бидат организирани и патроли кои ќе напредуваат околу Тајван.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мечка усмрти маж во северна Италија

Следно

Десетици девојчиња во Иран повторно отруени

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска најавува зголемено вложување во спортот

Скопје, 2025 – На Регионалниот спортски самит во Скопје, министерот за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека спортот е стратешки приоритет за развој на здрава и победнички ориентирана нација. „Ако сакаме силна економија,

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано
Go toTop