САД: Смртноста на децата предизвикана од огнено оружје се зголеми за речиси 50 % во последните 2 години

April 8, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Смртноста на децата и тинејџерите во САД предизвикана од оружје се зголеми за 50 отсто во последните две години, се наведува во анализата на Истражувачкиот центар „Пју“ објавена оваа недела, пренесува Анадолу.

Пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус во 2019 година, бројката на смртни случаи поврзани со огнено оружје меѓу американските деца и адолесцентите помлади од 18 години изнесуваше 1.732.

Меѓутоа, до 2021 година, оваа бројка значително се зголеми на 2.590.

„Стапката на смртност од оружје меѓу децата и тинејџерите се зголеми од 2,4 смртни случаи на 100.000 малолетни жители во 2019 на 3,5 такви случаи две години подоцна, што е зголемување од 46 %“, се наведува во анализата.

Истражувачкиот центар „Пју“ изврши анализа по кобната пукотница во училиште на 27 март во Нешвил, Тенеси, во која се убиени 6 лица, од кои 3 деца.

„Стапката на убиени деца во пукотници во 2021 година беше најголема од 1999 година“, објави Центарот.

Центарот за потребите на анализата ја користел најновата статистика за смртноста што ја објави Центарот за контрола и превенција на болести.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Општина Аеродром денеска слави роденден, а како изгледала општината во 80-ите години (видео)

Следно

Палестинците извршија терористички напад во Тел Авив, загина италијански турист

Latest from Blog

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30

Есенска магија во вашиот дом: Со овие трикови, вашиот простор ќе изгледа како да е изваден од списание

Топлите и пријатни ентериери се особено важни кога деновите стануваат пократки и постудени. Есента е совршено време да го освежите вашиот животен простор без да трошите многу. Само неколку нови детали –

Сајкоски: Александар Јовановски е вистинскиот избор за Кичево

Вечерва во Девеана, Кичево заедно градиме посилна иднина, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Со надеж и енергија се собраа наши пријатели, поддржувачи и симпатизери на мини-митингот на ВМРО‑ДПМНЕ,
Go toTop