Лула предлага Украина да се откаже од Крим

April 7, 2023
1 min read

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предложи Украина да и го отстапи полуостровот Крим на Русија за да стави крај на војната, нагласувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.

– Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение, истакна Лула.

На крајот на јануари Лула излезе со сè уште нејасен предлог за посредување во конфликтот во Украина од страна на група земји. Следната недела бразилскиот претседател треба да му го претстави својот проект на кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг.

Шефот на бразилската држава изјави дека е „уверен“ во шансите за успех на овој проект и се надева дека оваа група на земји ќе се формира по неговото враќање од Кина.

Главниот советник за надворешна политика на Лула, Селсо Аморим, на крајот на март во Москва се состана со Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се очекува да пристигне во Бразил на 17 април.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лула предлага Украина да се откаже од Крим: Не може Зеленски да бара сè

Следно

Учесниците од проектот „Птици“ ќе постават куќички за птици во Зоолошката градина

Latest from Blog

Актерка за првото сексуално искуство: „Беше непријатно, не знаев како изгледа кондом“

 Во нејзиниот подкаст „Очајно посветени“, 60-годишната актерка откри дека како тинејџерка не била подготвена да ја изгуби невиноста, а целото искуство се случило на прилично необично место. Незгоден момент во креветот на

Голем неделен хороскоп од 27 октомври до 2 ноември

Оваа недела открива динамична и трансформативна космичка енергија, со влијание на Скорпијата и транзитот на Меркур во Стрелец. Оваа недела носи мешавина од страст, јасност и нови перспективи. Владетелите како Марс, Јупитер

Леверкузен сигурен пред своите гледачи

Екипата на Баер Леверкузен забележа нова победа во осмото овогодинешно коло од Бундес лига шампионатот откако денеска на свој терен со 2:0 го совлада тимот на Фрајбург. Квалитетот на домашните не дозволи
Go toTop