(ФОТО + ВИДЕО) Продолжуваат протестите во Франција, демонстрантите запалија дел од омилениот ресторан на Макрон и се степаа со полицијата

April 6, 2023
1 min read

Ресторанот „Ла Ротонд“, чија тенда беше запалена додека демонстрантите фрлаа шишиња и боја кон полицијата, е познат во Франција по организирањето на гала вечера за Макрон, за да го одбележи неговото водство во првиот круг од претседателските избори во 2017 година

ФОТО: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Полицијата и демонстрантите против предложената пензиска реформа на францускиот претседател Емануел Макрон се судрија пред неговиот омилен париски ресторан на левиот брег на Сена, откако продолжија протестите во земјата против реформите што Макрон успеа да ги спроведе и покрај нив.

Демонстрантите во Париз нападнаа еден од омилените ресторани на францускиот претседател Емануел Макрон, а полицијата за борба против нереди мораше да формира барикада околу бистрото „Ла Ротонд“.

Ресторанот „Ла Ротонд“, чија тенда беше запалена додека демонстрантите фрлаа шишиња и боја кон полицијата, е познат во Франција по организирањето на гала вечера за Макрон, за да го одбележи неговото водство во првиот круг од претседателските избори во 2017 година.

Голем број луѓе се собираат на протестите од јануари против фундаменталната реформа на вториот мандат на Макрон, со која се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

„Штрајк, блокада, Макрон си оди!“, извикуваа демонстрантите во западниот град Рен, каде што полицијата употреби солзавец кон демонстрантите кои фрлаа проектили кон неа и запалија ќеси со ѓубре.

Протестите, инаку беа главно мирни, иако имаше насилство на периферијата на градовите низ Франција.

Анкетите покажуваат дека огромното мнозинство гласачи се против пензиската реформа и одлуката на владата да ја протурка во парламентот без гласање.

Лидерите на синдикатот и демонстрантите рекоа дека единствениот излез од кризата е укинување на законот, опција која владата постојано ја отфрла.

„Нема друго решение освен повлекување на реформата“,

рече лидерката на синдикатот„ЦГТ“, Софи Бине на почетокот на протестите во Париз.

Клучниот датум е 14 април кога Уставниот совет ќе одлучи дали пензиската реформа е во согласност со Уставот.

Уставните експерти велат дека Уставниот совет најверојатно нема да го поништи законот, што може да ги ослаби протестите.

„Мобилизацијата ќе продолжи – на овој или оној начин. Тоа е долга трка“,

рече Бине.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трговците да прибавуваат доволни количества овошје и зеленчук кои имаат замрзнати цени, донесена нова владина одлука

Следно

САД ја поздравија Канада за репатријацијата на 14 жени и деца од Сирија

Latest from Blog

Илина Димовски: Независноста не е датум, туку секојдневна борба

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илина Димовски, по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека независноста не е само календарски датум, туку процес што секојдневно се добива

ХАОС КАЈ МАВРОВО: Судар на 8 возила, петмина повредени – целосен прекин на сообраќајот!

14 Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар, во која учествуваа осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили. Според првичните информации од полицијата,

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што
Go toTop