Наводниот организатор на мито во ЕУ ќе оди во домашен притвор

April 6, 2023
1 min read

Наводниот организатор на поткуп во Европскиот парламент, Антонио Панцери, може да го напушти затворот под одредени услови, соопштија денеска обвинителите во Брисел.

Како што пренесе ДПА, судот кој е надлежен за случајот одлучи дека Панцери може да го помине истражниот затвор во домашен притвор со електронски надзор, изјави портпаролот на јавното обвинителство.

Поранешната потпретседателка Ева Каили и белгискиот европратеник Марк Тарабела ќе останат во затвор, додаде тој. Заедно со Панцери и уште еден европратеник, тие се осомничени дека земале мито од Катар и Мароко во замена за влијание врз европарламентот.

Обвинетите се обвинети и за перење пари и членство во криминална организација.

Панцери во јануари потпиша договор со обвинителите во кој се обврза дека ќе го открие целиот обем на активностите, кои беа обелоденети на крајот на 2022 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трговците да прибавуваат доволни количествата овошје и зеленчукот кои имаат замрзнати цени, донесена нова владина одлука

Следно

Макрон и Фон дер Лајен побараа помош од Кина за враќање на мирот во Украина

Latest from Blog

Илина Димовски: Независноста не е датум, туку секојдневна борба

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илина Димовски, по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека независноста не е само календарски датум, туку процес што секојдневно се добива

ХАОС КАЈ МАВРОВО: Судар на 8 возила, петмина повредени – целосен прекин на сообраќајот!

14 Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар, во која учествуваа осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили. Според првичните информации од полицијата,

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што

Меџити на терен: „Банатска“ улица ќе биде пофункционална и долготрајна

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за
Go toTop