Васко Стефанов доаѓа на местото на Васко Ковачевски во ЕСМ

April 6, 2023
1 min read

Тој доаѓа на чело на ЕСМ по речиси четири години директорување на Ковачевски со оваа државна компанија. Претходно беше директор на Пошта од каде што замина откако оваа функција ѝ припадна на Алијанса за Албанците

Васко Стефанов ќе биде новиот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) откако досегашниот директор Васко Ковачевски си поднесе оставка.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека новиот директор ќе го предложи на следната владина седница кога ќе се констатира и оставката на досегашниот директор.

Стефанов претходно бил директор на Водостопанство, а до неодамна беше на чело на Пошта на Северна Македонија. Тој е менаџер по техничка логистика, а пред функциите во државните претпријатија работел во приватниот сектор.

Тој доаѓа на чело на ЕСМ по речиси четири години директорување на Ковачевски со оваа државна компанија.

Од директорското место во Пошта, пак, Стефанов замина бидејќи оваа функција му припадна на новиот партнер во владината коалиција, Алијанса за Албанците. Како што е познато, од партијата за директорка на Пошта ја предложија советничката во Советот на Град Скопје, Бујаре Абази, која на почетокот на мандатот на Данела Арсовска беше и заменик-градоначалничка на Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трамп го гони обвинител кој се поврзува со Сорос

Следно

Туркије: Завршенa линијата за пренос на гас од Црното Море до брегот

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop