(ВИДЕО) Русинката која Хаг сака да ја уапси зборуваше на состанокот на ОН, некои ја напуштија салата

April 6, 2023
1 min read

Лавова-Белова присуствуваше на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН кој го свика Русија за да разговара за евакуација на украинските деца од зоната на конфликтот. Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на 1 април

Емисари од неколку западни земји вчера ја напуштија седницата на Обединетите нации на која говореше руската комесарка за правата на децата, Марија Лавова-Белова, која Меѓународниот кривичен суд (МКС) сака да ја уапси за воено злосторство – илегална депортација на малолетници. Да потсетиме, МКС на 17 март издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лавова-Белова за воено злосторство илегално депортирање деца од територијата на Украина окупирана од руските сили.

Лавова-Белова присуствуваше на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН кој го свика Русија за да разговара за евакуација на украинските деца од зоната на конфликтот. Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на 1 април.

„Додека Русија претседава со Советот за безбедност, ние ќе ја искористиме секоја можност да се спротивставиме на нивната употреба на позицијата за ширење дезинформации“,

рече Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН.

Таа додаде дека САД и Велика Британија го блокирале преносот на состанокот преку интернет, така што Лавова-Белова не добила „меѓународна платформа за ширење дезинформации и обид за одбрана на своите ужасни активности во Украина“.

Претставниците на САД, Велика Британија, Албанија и Малта ја напуштија конференциската сала за време на говорот на Лавова-Белова.

Рускиот пратеник Василиј Небензија рече дека ова е јасен показател за „нивната рамнодушност кон судбината на децата од Донбас и Украина“.

Украина ја обвинува Русија дека „украла“ повеќе од 16 000 деца од почетокот на нејзината офанзива пред повеќе од една година. Русија вели дека ги „спасува“ децата од борбените зони и оти има процедура за нивно повторно спојување со нивните семејства.

Москва не ја крие програмата според која донесе илјадници украински деца во Русија, но ја претставува како хуманитарна кампања за заштита на сирачињата и децата напуштени во воената зона.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска на увид на реконструкцијата на улицата „Радишанска“

Следно

Италија ја истражува Мета

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со министерката Божиновска: Прилеп пример за одржлив локален развој

Прилеп мора да биде пример како искористувањето на минералните суровини може да значи реален локален развој, со јасни правила, одговорност и вистинско партнерство. Ова беше клучната порака од работната средба што градоначалникот

Проданоски за Press24: 2026 е година на реални промени во Прилеп

Изминаа првите 100 дена во кој градоначалникот на Прилеп Дејан Продановски ги превзема обврските за менаџирање на општината. Разговараме со градоначалникот Проданоски, за сработенотово првите три месеци, како и за предизвиците и за плановите што

„Волстрит џурнал“: Трамп размислува за ограничен удар врз Иран поради нуклеарниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска со нуклеарниот договор, но нагласи дека сè

Викендов снег: Од понеделник голема промена на времето, еве колкави ќе бидат температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец,

Обвинителниот акт за „Пулс“ во фокус на вчерашната дебата на ТВ24: Во фокус обемот на одговорност и довербата во правосудството

Обвинителниот акт за „Пулс“ вчера вечер беше во фокус на ТВ24: Дебата за обемот на одговорност и довербата во правосудствотоОбвинителниот акт за случајот „Пулс“ беше тема на синоќешната емисија „24 Анализа“ на
Go toTop