Виетнам: Две лица загинаа при пад на туристички хеликоптер

April 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Хеликоптер со туристи се урна во зона на заливот Ха Лонг во североисточен Виетнам, при што загинаа најмалку две лица, а тројца се водат како исчезнати, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на земјата.

Во соопштението се вели дека сите четворица туристи во хеликоптерот биле државјани на Виетнам.

Хеликоптерот од типот „Бел-505“ полетал од островот Туан Чау во провинцијата Кванг Нин во 16:56 часот по локално време, но изгубил контакт со контролата за воздушен сообраќај во 17:15 часот во средата.

Со хеликоптерот во сопственост на хеликоптерската компанија „Нортерн Виетнам“ управувал полковник.

Спасувачите досега пронајдоа две тела и остатоци за кои се верува дека се од хеликоптерот, објави локалниот дневен весник „Виетнам њуз“.

Во моментов е во тек потрагата по тројцата исчезнати лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најголемиот турски воен брод спремен за испорака

Следно

Арсовска на увид на реконструкцијата на улицата „Радишанска“

Latest from Blog

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој
Go toTop