Признавањето на Косово и членството во ОН се „црвените линии“ кои Белград нема да ги премине, му рекол Вучиќ на Шоле

January 13, 2023
1 min read

Вучиќ на прес-конференција денеска изјави дека со американскиот дипломат разговарал за француско-германскиот план за Косово, што е всушност планот на Европската Унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, кој беше поддржан од САД

Секоја форма на признавање на независноста на Косово и членство во Обединетите нации (ОН) се „црвените линии“ кои Белград нема да ги премине, му рекол српскиот претседател Александар Вучиќ на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шолет.

Вчера, високиот претставник на Стејт департментот во Белград разговараше со Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Вучиќ за новинарите изјави дека со американскиот дипломат разговарал за француско-германскиот план за Косово.

„Ние укажавме кои се нашите ‘црвени линии’. Секој облик на формално или неформално признавање на независноста или отстапување на членството во ОН, ние не сакаме и не можеме да разговараме за тоа, а тоа е составен дел од тој план“,

рече Вучиќ.

За сè друго, додаде тој, може да се разговара.

Француско-германскиот план е всушност планот на Европската Унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, кој беше поддржан од САД.

Претседателот на Србија изрази благодарност што американската администрација инсистира на формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), што беше договорено со Бриселскиот договор од 2013 година.

Вучиќ, сепак, оцени дека е „невозможно да се постигне напредок ако некој постојано се повикува на сопствените правни акти“.

„Кога инсистирате дека нешто мора да биде во согласност со, како што велат, Уставот на Косово, тогаш зошто преговаравме, за што преговаравме“,

праша Вучиќ.

Актуелната Влада на Косово на премиерот Албин Курти се противи на формирање на ЗСО, сметајќи дека општините не треба да се организираат според етнички принципи.

И Уставниот суд на Косово оцени дека начелата за формирање на Заедницата не се целосно усогласени со духот на Уставот, но оттаму, како што потсетува регионалниот сервис на РСЕ, рекоа дека тие може да се усогласат со статут.

Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле, пред посетата на Белград беше во Приштина, на разговори со тамошниот државен врв.

Тој им порача на властите во Приштина дека „Косово мора да ги исполни сите обврски од дијалогот, вклучително и формирањето Заедница на општини со српско мнозинство“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за новинарите изјави дека со американскиот дипломат, освен за Косово, разговарале и за билатералните односи, за ситуацијата во регионот, како и за Русија и Украина.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Објавени термините за рекреативно лизгање на лизгалиштето во „Борис Трајковски“

Следно

Берлин: Москва треба да му пружи медицинска помош на Навални

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop