Неделава се заловуваат бездомни кучиња во Кисела Вода

April 5, 2023
1 min read

Во досегашниот тек на неделата, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ беше на неколку локации во општина Кисела Вода за спроведување на најавеното стратешко заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.

Заловувачкиот тим ги посети следниве локации: ул. Христо Татарчев, фабрика Треска, Расадник, О.У. Круме Кепески, Тефериќ итн.

Во останатите денови од оваа работна недела заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе заловува во: Шампионче, 11 Октомври, Бирарија, Црниче, Пржино, Чешма и Припор.

-Дел од заловените кучиња беа плашливи и недоверливи и беше потребна асистенција од ветеринарен доктор за да се седираат при заловувањето. Кутрињата кои се диви е потребно да се заловат со пневматска пушка која е посебна хумана мерка  и не е толку стресна кај заловувањето на овие кутриња.

Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава, информира „Лајка“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Советот за безбедност на ОН треба да се реформира

Следно

Меси ја одбил понудата со плата од 400 милиони евра годишно!?

Latest from Blog

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и

Бојкоски: Обезбедени дополнителни средства за шампионскиот РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер. „Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени
Go toTop