Мексико: Пронајдени четири безживотни тела во близина на хотел во туристичкиот центар Канкун

April 5, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Четири лица се пронајдени мртви во близина на хотел во популарниот туристички центар Канкун, во мексиканската држава Кинтана Ру, пренесува Анадолу.

Според веста што ја објави Си-ен-ен (CNN), двајца осомничени се приведени по започнатата истрага во врска со инцидентот.

Во веста се наведува дека благодарение на безбедносните камери е утврден идентитетот на осомничените што наводно продавале и дистрибуирале дрога.

Жителите на подрачјето во кое се пронајдени четирите безживотни тела изјавија дека слушнале истрели.

Министерството за надворешни работи на Мексико ги советуваше туристите „да бидат повнимателни поради криминалните инциденти и киднапирања“ во подрачјето.

Во градот Плаја дел Кармен, кој се наоѓа во мексиканската држава Кинтана Ру, две лица загинаа при вооружен напад во хотел во 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Еден ден по поразот ова е голем шок и за него – инспекторите чукнале на вратата на Мило Ѓукановиќ, еве што му наредиле да направи веднаш!

Следно

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна казна затвор

Latest from Blog

Дневен хороскоп: Што ви подготвија ѕвездите денес?

Бик Денес, ѕвездите ви даваат емоционална стабилност и чувство на внатрешна рамнотежа. Искористете ја неделата за да ги зајакнете вашите односи со најблиските. На крајот од неделата, некое финансиско прашање може да

Јовановски за пензионерите: Ќе ги подобриме условите во Пензионерскиот дом во Кичево

Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството. Тие се нашиот темел. За жал, нивниот
Go toTop