Screenshot

Божиновска: Македонија го фаќа чекорот со Европа во развојот на зелениот водород

July 30, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека со техничка поддршка од Европската Унија успешно е завршена првата сеопфатна Водородна студија за Македонија.

Според Божиновска, студијата ги анализира можностите за производство, транспорт, складирање и употреба на зелен водород, при што е потврдено дека земјата располага со реален потенцијал за активно вклучување во идната европска водородна инфраструктура.

„Со овој стратешки документ, Македонија се вбројува меѓу првите земји во регионот кои веќе имаат национална визија за развој на водородниот сектор. Ова е значаен чекор кон енергетската транзиција, декарбонизацијата, привлекувањето нови инвестиции и обезбедувањето долгорочна енергетска сигурност“, истакна Божиновска.

Таа посочи дека развојот на водородниот сектор претставува можност за модернизација на енергетскиот систем и создавање нови економски перспективи, во согласност со европските политики за чиста енергија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Тајмс“ објави: Европа му сврте целосно грб на Инфантино и продажбата на Мундијалот

Следно

Меџити: Во целиот Чаир се реализираат проекти, инвестициите продолжуваат

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop