ПЕЈЗАЖ ОД ЕМОЦИИ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА 19. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

April 5, 2023
1 min read

Пејзажи на емотивен набој и креација донесе холандската претстава „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, на синоќешното свечено отворање на 19. Танц фест Скопје во Македонскиот народен театар (МНТ). Еден од омилените фестивали на македонската публика, за кој секогаш има полни салони, годинава се одржува под мотото „Танцувајќи создаваме иднина!“.

„Годинашното издание е увертира пред јубилејот од 20 години следната година“, рече синоќа уметничката директорка Рисима Рисимкин.

Синоќа играа 18 танчари кои претставија извонредна техника, софистицираност и експресивност. (Фото: Ѓ. Личовски)

„Таленти во движење“ е составена од повеќе кореографии од осуммина истакнати светски кореографи, играа 18 танчари кои претставија извонредна техника, софистицираност и експресивност. Претставата се изведе во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија, а за одличните односи и поддршка меѓу двете земји говореше амбасадорот Дирк Јан Коп.

(Фото: Ѓ. Личовски)

На отворањето беа доделени наградите Менада за поддршка на современиот танц. Годинашните добитници се Универзитетот Кодартс во Ротердам, со чија поддршка беше основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што во 2017 се вдоми Катедрата за современ танц.

(Фото: Ѓ. Личовски)

На 10 април во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се изведе новата кореографија на Бобан Русески „Табу република“, во продукција на Скопје танцовиот театар. Следна претстава е на 12 април, во продукција на американската „Далас Блек танцовата компанија“.

До крајот на Танц фест, на сцената на МКЦ ќе бидат претставени современи кореографии на Јакуб Черулик од Словачка, Сандра Махвама од Романија, Гилда Цесарио од Италија, „А приори“ компанијата од Грција.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Македонската танцова сцена ќе биде претставена со кореографиите „Одење и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски, на 28 април на Малата сцена на НОБ и „КОД #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, која ќе се изведе на 24 април во Кино Фросина во МКЦ. Скопје танцовиот театар на 11 април во МНТ, ќе ги претстави новите продукции „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска и „Блокови“ на Дејан Битровски, во кои учествуваат танчерите на компанијата и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

(Фото: Ѓ. Личовски)

На 26 април на сцената на МНТ е најавена премиерата на најновата кореографија на Рисима Рисимкин „Леди Магбет“, која годинава е поканета да гостува на Шекспир фринџ фестивалот во Верона, Италија.

Б. НЕСТОРОСКА

(Фото: Ѓ. Личовски)

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алегри за ремито со Интер: Реален резултат, реваншот ќе биде решавачки

Следно

Ердоган повика на итна реформа на Советот за безбедност на ОН

Latest from Blog

Мециновиќ во Аргумент плус: Левица на локалните избори ќе има кандидати во повеќе градови вклучително и за Град Скопје

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ во Аргумент плус рече дека на локалните избори ќе имаат кандидати за повеќе градови во Македонија, вклучително и општини во Скопје и Град Скопје. Тој рече и

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството

Мировен план на Трамп за Украина и Русија

Според планот на Трамп, Русија ќе задржи повеќето од освоените територии, а Москва ќе мора да се повлече од две помали области, каде Украина би ја вратила контролата и би имала непречен

Ќе ги замени ли вештачката интелегенција работните места во повеќе професии?

Може ли вештачката интелегенција да ги замени работните места во повеќе професии? Вештачката интелегенција станува хит во светот и сè повеќе се користи од помладата популација. Но, колку употребата на истата може
Go toTop