Руското мешање во американските избори 2016 на Твитер немало никакви резултати

January 13, 2023
1 min read

Руската операција во 2016 стигнала до релативно мал број луѓе, од кои најголем број и онака биле крајно партиски наклонети републиканци, а руските ботови немале „никакво мерливо влијание на промената на размислувањето или влијание врз однесувањето на гласачите.“

Студијата ја спроведува Центарот за социјални медиуми и политика на Универзитетот на Њујорк, кој истражува кои се границите на тоа што руските дезинформации можеле да го постигнат на една голема социјална мрежа на изборите во 2016.

„Мое лично чувство е дека се крена далеку премногу врева околу сето ова.

Сега кога ги прегледуваме податоците и можеме да видиме колку било ова концентрирано во еден мал сегмент на популацијата, и фактот дека луѓето кои биле најмногу изложени на ова биле многу, многу веројатно и онака да гласаат за Трамп.

Плус ги имаме и овие податоците кои покажуваат дека не можеме да најдеме врска меѓу изложеноста на овие твитови и промена во одлуката кај луѓето,“ изјавил авторот на студијата и извештајот, Џош Такер.

Клучни заклучоци од студијата се дека на само 1% од корисниците на Твитер отпаѓа 70% од изложеноста на сметки кои се идентификувани како руски трол сметки. Крајно партиски наклонетите републиканци биле 9 пати поверојатно да бидат изложени на овие постови од не-републиканците, а содржините од американските медиуми и политичари неспоредливо го потиснале руското влијание врз електоратот.

„Руските сметки и постови немале мерливо влијание на ’политичките ставови, поларизација и наклонетост за гласање и однесување’,“ пренесува Вашингтон пост.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено

Следно

За спроводот на избеганиот затвореник не била побарана полициска асистенција: Управата за извршување санкции ќе испитува пропусти во случајот

Latest from Blog

Петнаесет години традиција: „Битолски Победник“ го враќа сјајот на боксот

Битола оваа сабота ќе биде центарот на регионалниот бокс. Во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 16 часот, ќе се одржи 15-тото издание на меѓународниот боксерски турнир „Битолски Победник“. На рингот

Тоневски најави нова ера на стабилност во Советот на Пробиштип

Во Советот на Општина Пробиштип е официјализирано новото мнозинство составено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од Движењето ЗНАМ, со што е поставена основата за стабилно и одговорно функционирање на локалната

Фото: Во Белград уништен мурал на Ѓоковиќ

 Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон. На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична

Лига Шампиони: Спектакл во Лондон, шампионот на гости кај Леверкузен, Наполи и Елмас на мегдан со ПСВ

ФОТО: UEFA.COM/X Вечерва се играат девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека најквалитетниот европски клупски фудбал повторно е на сцената. Секако дека дербито на денот се игра на
Go toTop