Ципрас до ЛГБТ+ заедницата: Институционализирање на бракот за сите парови независно од полот

April 4, 2023
1 min read

Официјализирање на бракот за сите парови, без разлика на полот и правото да имаат деца, доколку СИРИЗА дојде на власт, најави лидерот на партијата Алексис Ципрас во неговата видео порака за време на настанот организиран од ЛГБТ+ групата во партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас рече дека за актуелниот грчки премиер „иако се декларира како либерален, сè уште не е дојдено времето за клучните прашања и клучните барања на ЛГБТ движењето“ и упати уверување дека со СИРИЗА на власт ова ќе се промени.

-Победата на СИРИЗА- Прогресивна алијанса на изборите на 21 мај ќе го отвори патот за прогресивно владеење. А прогресивната влада предводена од СИРИЗА- Прогресивна алијанса ќе го институционализира бракот за сите парови, без разлика на полот со целосни права, вклучително и правото на потомство, рече Ципрас.

Потсети дека за време на Владата на СИРИЗА, во Парламентот беше донесен закон за граѓанско партнерство за истополовите парови.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЗО: Можно е зголемување за 55 проценти на заболените од рак до 2040 година

Следно

Меси ќе замине од ПСЖ, ама ќе остане и без 200 милиони евра

Latest from Blog

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА. Вардар во

Обвинение за судија од Кавадарци – го упатил осуденикот во погрешен затвор

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во текот на 2024 година,

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите. „Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква
Go toTop