(ВИДЕО) Молел за помош, а полицијата го држела на земја: Почина роднина на соосновачот на „Животите на црните луѓе се важни“

January 13, 2023
2 mins read

Полициската управа во Лос Анџелес објави видеоснимка од камерите на полицајците од инцидентот што се случил на 3 јануари, а на која се гледа како Андерсон моли за помош додека полицајците го држат наземи

Кинан Андерсон, братучед на соосновачот на „Животите на црните луѓе се важни“ (Black Lives Matter), Патриша Кулорс, почина неколку часа откако полицијата во Лос Анџелес врз него неколкупати употреби пиштол за онеспособување и го држеше на улица.

Андерсон, 31-годишен професор, починал во болница во Санта Моника, јавува Би-би-си.

Полициската управа во Лос Анџелес објави видеоснимка од камерите на полицајците од инцидентот што се случил на 3 јануари, а на која се гледа како Андерсон моли за помош додека полицајците го држат наземи. Во еден момент може да се слушне како вели дека полицијата се обидува да го убие како Џорџ Флојд, алудирајќи на полициското убиство на Афроамериканец во Минеаполис, Минесота, во мај 2020 година.

Шефот на полицијата, Мишел Мур, на прес-конференција во средата објави дека Андерсон извршил кривично дело кога направил сообраќајна незгода и избегал од местото на настанот. Тој рече дека Андерсон се обидел да „влезе во автомобилот на друго лице без негова дозвола“ за да побегне од местото на настанот. Најпрво тој наводно ги следел инструкциите на полицијата, но како што пристигнувале повеќе полицајци, тој станал и истрчал на улица, игнорирајќи ги барањата да застане.

Пиштолот за онеспособување првично бил користен врз Андерсон околу 30 секунди, откако полицаецот постојано го предупредувал да престане да се спротивставува на апсењето, додека другите полицајци го држеле, а пиштолот бил употребен уште еднаш околу пет секунди. Итната помош пристигнала околу пет минути подоцна, соопшти полицијата и го однела Андерсон во локалната болница. Тој починал околу четири и пол часа подоцна откако доживеал срцев удар, наведуваат од полицијата.

Причината за смртта на Андерсон, кој живеел во областа Вашингтон и бил во посета на Лос Анџелес, не е официјално утврдена. Токсиколошкиот извештај спроведен од полицијата покажа дека Андерсон бил позитивен на канабис и кокаин.

Патриша Кулорс, соосновач на „Животите на црните луѓе се важни“, која е поврзана со Андерсон, рече дека нејзиниот роднина побарал помош, но не ја добил.

„Мојот братучед се исплаши за својот живот. Во последните 10 години тој беше сведок на движењето против убиствата на црнците. Знаеше што е во прашање и се обидуваше да се заштити. Никој не сакаше да го заштити“,

рече Кулорс повикувајќи го началникот на полицијата во Лос Анџелес да поднесе оставка.

Полицијата соопшти дека го забрзала објавувањето на видеото за време на апсењето на Андерсон поради јавниот интерес истакнувајќи дека процесот обично трае 45 дена.

Снимката го зголемува притисокот врз полицијата во Лос Анџелес, чии акции насочени кон Афроамериканците и малцинствата резултираа со три смртни случаи за помалку од една недела.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фото: Се уредува зеленилото на кејот на Вардар

Следно

Статистиката вели: Во Македонија е најлесно да избегаш од затвор од цела Европа

Latest from Blog

19-годишен возач загина кај Миравци

Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од

Продолжуваат протестите во Кочани: Семејствата на жртвите бараат правда за пожарот во дискотеката „Пулс“

Семејствата на загинатите во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани организираа трет протестен марш во знак на сеќавање на трагедијата што се случи на 16 март. На маршот, кој

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ја признае руската контрола врз Крим како дел од предлогот за ставање крај на војната во Украина, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на

Трамп ќе ги преквалификува федералните работници и ќе ги отпушта оние што не ја следат неговата агенда

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави планови за преквалификација на десетици илјади федерални работници како вработени „по желба“ во новата категорија Распоред на политика/кариера, која ќе им овозможи на агенциите
Go toTop