Барселона бара спонзори за да го финансираат враќањето на Меси

April 3, 2023
1 min read

Барселона има за цел да го врати напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси на „Камп Ноу“, објави новинарот Жерар Ромеро на социјалните мрежи.

Според Ромеро, каталонската страна почнала да работи на договори со големи спонзори кои би можеле да помогнат да се врати Аргентинецот во Барселона.

Актуелниот договор на напаѓачот со ПСЖ е до крајот на оваа сезона.

Претходно беше објавено дека Меси е подготвен да се врати во тимот и чека понуда од каталонскиот клуб.

Триесет и петгодишниот напаѓач играше за Барселона од 2005 до 2021 година. Како дел од каталонскиот тим одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и оствари 303 асистенции.

Оваа сезона Меси има 32 настапи за клубот од Париз во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 17 асистенции.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Гази Баба ќе помогне за собирање пари за лекувањето на Никола

Следно

78 години од првата премиера на Македонскиот народен театар

Latest from Blog

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила

Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – жртвите не смеат да бидат заборавени

По повод 84-годишнината од Дабничкиот масакр, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на 18-те прилепчани кои биле убиени кај Дабница на 19 септември 1942 година. Проданоски порача дека Дабница е едно

Македонската берза со неделен промет од 81,25 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 14–18.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 81.254.481 денари: 67.918.931 денари со акции преку редовно тргување, 20.405 денари со

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции
Go toTop