Блинкен побара итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“, Лавров бара случајот да не се политизира

April 2, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор  со рускиот колега Сергеј Лавров, организиран на негово барање, повикал на итно ослободување на американскиот новинар Еван Гершкович, кој неделава беше уапсен во рускиот град Екаринбург под сомнение за шпионажа, на што Лавров одговорил дека е неприфатливо случајот да се политизира.

–Блинкен ја изрази големата загриженост на САД за руското неприфатливо апсење на американскиот новинар Гершкович, рече портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

„Државниот секретар на САД повика на негово итно ослободување“ и истовремено побара и ослободување на уште еден Американец, Пол Вилан“, рече Пател.

Шефот на руската дипломатија му возвратил на Блинкен дека е неприфатливо Вашингтон да го политизира случајот со новинарот на „Волстрит журнал, кој е обвинет за шпионажа во Русија.

Руското МНР соопшти дека Лавров во телефонски разговор му рекол на Блинкен дека судбината на Гершкович ќе ја одреди судот.

Тој го повтори тврдењето на руските власти, кои јавно не презентираа никакви докази, дека новинарот бил фатен „на дело“.

„На Блинкен бниманието му било свртено и за потребата да се почитуваат одлуките на руските власти, донесени во согласност со законот и меѓународните обврски на Руската Федерација“, соопшти руското Министерство.

„Неприфатливо е“ додал Лавров, „ официјалните лица во Вашингтон и западните медиуми да креваат бура за овој случај со јасна намера да му дадат политичка боја“.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот соопшти дека го уапсила Гершкович, обвинувајќи го дека собирал информации за руска одбранбена компанија која се сметала за државна тајна.

„Волстрит журнал“ категорично негираше дека Гершкович шпионирал, а Белата куќа обвинението за шпионажа, кое предвидува затворска казна до 20 години, го нарече „смешно“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Први излезни анкети од Бугарија: Тесна трка меѓу коалициите на Петков и Борисов

Следно

Дури 48,3 отсто од Бугарите поддржуваат коалиција меѓу Петков и Борисов

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop