УЖАС: Најмалку 13 рудари загинаа во хаварија во рудник за злато во Бурунди

April 2, 2023
1 min read

Најмалку 13 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати откако поради поројните дождови  дошло до хаварија во коп од рудникот за злато во Бурунди, соопштија властите.

Гувернерот на северозападната провинција Цибитоке изјави дека рударите не можеле да бидат спасени откако во петокот вечерта се урнал копот поради обилните врнежи.

Полицијата и другите агенции за спасување вчера цел ден неуспешно се обидувале да ги извлечат рударите од јамите, поплавени со вода, поради излеаната река Ругого.

Американските медиуми пренесуваат дека во Бурунди има чести рударските несреќи, особено во северозападниот и североисточниот дел на земјата, каде илегалните рудари претпочитаат да работат ноќе за да го избегнат надзорот од властите. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борисов, Петков и Радев со свои пораки откако гласаа на вонредните парламентарни избори во Бугарија

Следно

Хари Мегваер го напушта Манчестер Јунајтед и се враќа во Лестер

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop