Реал и Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп

January 13, 2023
1 min read

Во финалето на шпанскиот Супер, кој се одржува во Саудиска Арабија, ќе се игра „Ел Класико“ меѓу мадридски Реал и Барселона, откако каталонскиот тим синоќа го совлада Бетис на пенали 6-4 (1-1, 2-2).

За Барселона стрелец беше Роберт Левандовски во 40. минута, а во второто полувреме израмни Французинот Набил Фекир во 77. минута. Во продолжението Ансу Фати во 93. минута ја врати Барселона во водство, а осум минути подоцна натпреварот во пенал серија го однесе Лорен Морон.

Одлуката за победникот дојде во третата и четвртата серија кога Марк – Андре тер Штеген одбрани два пенали, а Педри го постигна решавачкиот гол.

Реал ден претходно, исто така, на пенали ја совлада Валенсија.

Барселона в недела од 20 часот во Ријад ќе се обиде да ја освои 14 титула во шпанскиот Суперкуп, а ланскиот победник Реал со триумф ќе се израмни според бројот на трофеи во ова натпреварување со каталонскиот тим (13).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЖИВО: Изјава на Христијан Мицкоски од Вевчани

Следно

Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување 

Latest from Blog

Боб Вудворд: Трамп е поопасен од Никсон и закана за целиот свет

Стравот е централна тема на новите мемоари на американскиот новинар Боб Вудворд, познат по неговата истрага за аферата Вотергејт, но и по неговите книги за американските претседатели. Во книгата „Тајни: Мемоари на

Обвинителството бара 25 години затвор за поттикнувач на 14 самоубиства во Канада- продавал отров преку интернет

Нему ќе му биде изречена пресуда на 26 февруари, објави денес „Ле Фигаро“. Ло, кој од почетокот на пандемијата на коронавирусот водел неколку анонимни онлајн форуми со совети за самоубиство, продавал натриум
Go toTop