Анчелоти потврди дека Бразил го сака за селектор

April 1, 2023
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потврди денеска на конференција за новинари дека бразилската фудбалска репрезентација сака да го ангажира за селектор, но остана на ставот дека е потребно да се „почитува важечкиот договор“, со шпанскиот клуб што има намера да го „испочитува до крај“.

„Вистина е дека Бразил ме сака и тоа за мене е комплимент, тоа ме радува. Но, морате да го почитувате актуелниот договор кој истекува во јуни 2024 година“, изјави италијанскиот стратег.

„Имам договор (со Реал), сакам да го испочитувам, бидејќи го сакам овој клуб и оваа екипа. И сè што ќе се случи по истекување на договорот е иднина, а никој не знае што ќе се случи во иднина“, додаде Анчелоти, кого бразилските медиуми често го споменуваат како потенцијален нов селектор на Кариоките.

„Не ме чуди што постојат такви гласини и тоа не ме загрижува. Прилично е јасно: ќе останам тука сè додека Реал ми дозволува да останам“, порача Анчелоти.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина нарачала од Полска 100 оклопни возила „Патриа“ , фактурата оди кај САД и ЕУ

Следно

Мицкоски ја обвини Левица за коалицирање со СДСМ и ДУИ: Сите што се против владата да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјави вчера дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци. Овој потег доаѓа во услови на растечки тензии меѓу американскиот претседател

ТРАМП ПОВЛЕКУВА 5000 војници од Германија

Министерството за одбрана на САД повлекува 5.000 војници од Германија, во услови на конфликт меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран. Одлуката доаѓа еден ден
Go toTop