Бугарија утре гласа на избори: Кои партии се со најголема шанса да влезат во парламентот

April 1, 2023
2 mins read

Извесно е само дека место во парламентот ќе обезбедат најмалку пет партии односно коалиции. Во борбата за прво место, коалициите на поранешните премиери Борисов и Петков се речиси изедначени. Неизвесна трка има и во тоа кој ќе биде трета политичка сила во Бугарија. Партијата на Слави Трифонов, пак, според истражувањата тешко дека ќе го надмине изборниот праг за да добие пратенички места. Меѓутоа, две други партии се блиску до таа цел

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарските граѓани утре по петти пат во период од околу две години ќе гласаат на парламентарни избори, откако по минатите четири изборни циклуси ниту една партија или коалиција не успеа да формира стабилна политичка влада.

Денеска во Бугарија е изборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места и додека трае молкот во земјата е забранета е каква било форма на политичка и изборна пропаганда, како и објавување на резултати од анкетите.

Денеска, како што јавуваат бугарските медиуми, во тек е подготовката за утрешниот изборен ден. Ќе се гласа на околу 12 000 избирачки места, а од нив на 9 366 места тоа ќе се одвива преку машини за гласање.

Денеска се поставуваат машините, се тестира видеонадзорот итн. Во Софија гласачките места се распоредени во 122 училишта, а подготовките во нив завршиле претпладне.

По опремувањето на гласачките места, тие ќе се затворат и ќе се обезбедуваат до утре наутро кога ќе бидат отворени за граѓаните да може да го остварат своето право на глас.

Во пресрет на утрешното гласање, Бугарската национална телевизија (БНТ) вчера пренесе анкета на „Тренд“ која покажува дека побединот е неизвесен, а нејасно е и кој би можел да го освои третото место.

Оваа анкета, како и најголем дел од останатите истражувања што беа направени во пресрет на изборите, покажува дека е извесно оти во новиот состав на Народното собрание на Бугарија ќе влезат пет партии/коалиции, а две се блиску до прагот од 4 отсто освоени гласови кој е потребен за да се освои пратеничко место.

Бојко Борисов / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Речиси изедначени се, според анкетата на „Тренд“, коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов со 26,4 отсто поддршка од гласачите и коалицијата што Продолжуваме со промените (ПП) на, исто така, експремиерот Кирил Петков ја направи со партијата Демократска Бугарија (ДБ). ПП-ДБ имаат поддршка од 26,1 отсто.

Кирил Петков / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Неизвесност има и околу тоа кој ќе биде трета политичка сила. Во тесна трка се ДПС со 13,7 отсто и националистичката партија Преродба со 13,3 отсто.

Петата партија која се очекува да си обезбеди место во парламентот е Бугарската социјалистичка партија (БСП) која има 7,3 отсто поддршка кај гласачите.

Оние кои блиску до изборниот праг од 4 отсто и би можеле да го поминат и да влезат во бугарскиот парламент се коалицијата Левица со 3,6 отсто поддршка, а потоа е партијата Бугарски подем на поранешниот технички премиер Стефан Јанев со 3,5 отсто.

Следна партија е „Има таков народ“ на Слави Трифонов, но не се очекува таа да освои пратеници бидејќи резултатите од истражувањето покажуваат поддршка од три отсто.

За неизвесноста на утрешните избори да биде поголема, тука се и 5,2 отсто од испитаниците на „Тренд“ што рекле дека не поддржуваат никого. Од агенцијата, исто така, посочуваат дека анкетите тие ги прават само на територијата на Бугарија односно во нив не се земени предвид гласовите од странство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По четирите смртни случаи, ситуацијата со лавините во Северна Норвешка и понатаму критична

Следно

Украина нарачала од Полска 100 оклопни возила „Патриа“ , фактурата оди кај САД и ЕУ

Latest from Blog

Експедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!

Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе,

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од

Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на
Go toTop