ДУИ на нов состанок, на дневен ред и револтот на „огнените“?

April 1, 2023
1 min read

Османи рече дека ќе се разговара за сите прашања што ќе бидат покренати од членовите на претседателството, а Меџити, кој е дел од огнените, кратко одговори дека очекува да се дискутира „за ДУИ“

Раководството на ДУИ денеска од 13 часот е на состанок во партиското седиште во Мала Речица, а на него се очекува да се разговара и за внатрепартиските прашања што се наметнаа по револтот кој јавно го искажа т.н. огнена група во однос на партиските функционери во извршната власт.

Во пресрет на состанокот, министерот Бујар Османи, посочи дека ќе се разговара за сите прашања кои останале неразговарани на претходната седница, а кои ќе ги покренат членовите на претседателството.

На прашање дали и барањата на „огнените“ ќе бидат ставени на дневен ред, тој одговори дека ќе се дискутира за секое прашање што ќе го покрене претседателството.

Новинарските екипи го забележаа и пристигнувањето на потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е еден од „најистурените“ играчи од огнената група. Прашан за што очекува да се разговара на средбата, како што пренесува ТВ 21, Меџити кратко им одговори на новинарите: „За ДУИ“.

Претходниот состанок раководството на ДУИ го одржа пред точно една недела, но тогаш се разговараше само за иницијативата „Фронтот за Европа“. Лидерот Али Ахмети по тогашниот состанок најави дека денеска ќе се разговара за „развојот внатре во ДУИ“.

„Следната недела ќе разговараме за конкретни делови за работа на Фронтот, но и за развојот внатре во ДУИ и другите партии. ДУИ не е направена за да се распадне, туку е формирана за да гради. Нашата партија не е формирана за поделби, туку да формира нови работи. Разговаравме за европскиот фронт. Ако е потребно, може да разговараме пак за таа тема“,

рече Ахмети мината сабота.

По таа средба, и членовите на „огнените“, кои беа присутни на седница, најавија дека за нивните барања ќе има дебата наредната недела односно денеска.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Папата Франциск излезе од болницата Гемели во Рим

Следно

Изборен молк во Бугарија пред утрешното гласање на петите парламентарни избори во последните две години

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop