Три бои Америка

April 1, 2023
1 min read

Пратеничка на германскиот Бундестаг ги повика САД конечно да ги повлечат своите војници од Германија и со себе да го земат нуклеарното оружје. „После 78 години, време е да си одат дома. Сите други сојузници одамна го направија тоа“.

„Американската администрација остава впечаток дека не сака сојузници, туку вазали,“ изјави пратеничката на германската Левица.

************

Откако САД почна да му се заканува на Мексико по најавите дека ќе го национализираат литиумот, мексиканскиот претседател Андре Мануел Лопез Обрадор гласно порача дека Мексико не ни е колонија ни протекторат на Америка.

„ Соработка ДА, потчинување НЕ! Да живее Мексико!“, порача Обрадор по повод 85 годишнината од национализацијата на нафтата.

*************

„Америка нема морално право да ја учи Африка на демократија,“ изјави лидерот на опозицијата на Замбија за време на посетата на Камала Харис.

„Земја која собори толку многу влади во Африка и направи толку многу пучови во Африка и во другите делови на светот. Земја која уби толку многу наши лидери во Африка и во другите делови на светот.  Атентаторите на Патрис Лумумба, атентаторите на Кваме Нкрумах, атентаторите на Насер и атентаторите на Моамер Гадафи ќе дојдат денес да нè научат за демократијата. Земја која е изградена на брутална сила, на ропство на други човечки суштества, на понижување на Африканците и на експлоатација на Африканците ќе дојде да нè учи на демократија. Ако немате почит за достоинството на другите, ако не го почитувате суверенитетот на другите земји, не можете да тврдите дека сте „шампион на демократијата“, изјави Фред М’мембе..

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приведен крадец кој бил осуден на двегодишна затворска казна

Следно

Ново издание на 360°: Гордана Јанкулоска – меѓу вината, каењето и обесправеноста

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop