Путин ги разреши руските амбасадори во Естонија и Латвија

March 31, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес ги разреши руските амбасадори во Естонија и Латвија, пренесува Анадолу.

Рускиот амбасадор Владимир Липаев ја напушти Естонија на почетокот на февруари, откако Русија го намали нивото на дипломатските односи како одговор на протерувањето на нејзините дипломати.

Во меѓувреме, Летонија во знак на солидарност со Естонија реши да го намали нивото на дипломатските односи со Русија, а како резултат на тоа во Москва се врати и рускиот амбасадор Михаил Ванин.

Во одвоеното соопштение, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го прогласиле естонскиот дипломат за персона нон грата како одговор на неодамнешното протерување на вработен во руската Амбасада во Талин.

Министерството ја повика естонската вршителка на должноста Јана Ванамолдер и ѝ соопшти дека врз основа на принципот на реципроцитет, естонскиот дипломат од ист ранг мора да замине.

Министерството соопшти дека ќе бидат принудени да преземат други одмазднички мерки против упорните провокативни активности на естонските власти против Русија, додавајќи дека одговорноста за колапсот на билатералните односи е на оние кои донесуваат одлуки во Талин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

На церемонија во Истанбул претставена платформата за дигитални вести ТРТ Африка

Следно

Голем маскенбал по повод Денот на шегата во Ѓорче Петров

Latest from Blog

Синот на Никола Саркози и неговата сопруга со црногорско потекло станаа родители

Тој објави фотографија од својата сопруга Натали како го држи новороденчето во раце во породилното одделение. Заедно со фотографијата, која собра речиси 17.000 лајкови за само неколку часа, тој го откри и

Цвијановиќ: Кризата во БиХ ја предизвика Шмит со недејтонски и неуставни потези

Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, денеска изјави дека ситуацијата во БиХ – за која високиот претставник за таа земја, Кристијан Шмит, поднесе извештај пред Советот за безбедност

Атлетико се враќа триумфално од Андалузија

За само едно полувреме, Атлетико (М) ја оствари петтата победа сезонава во Ла Лига и остана во ТОП 4 на табелата. Вечерва на тешкото гостување во Андалузија, тимот на „јорганџиите“ славеше со
Go toTop