Путин потпишал указ за регрутирање 147 000 Руси на задолжителен воен рок

March 30, 2023
1 min read

Од 1 април до 15 јули 2023 година ќе се врши регрутирање на руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резерва и се предмет на воена служба. Ова се однесува на 147 000 луѓе, се наведува во указот на рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за повикување 147 000 руски државјани на воена служба како дел од пролетниот воен рок, објавија руските државни медиуми, а пренесува „Гардијан“.

„Од 1 април до 15 јули 2023 година ќе се врши регрутирање на руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резерва и се предмет на воена служба. Ова се однесува на 147 000 луѓе“,

се наведува во указот на рускиот претседател.

Рускиот претседател последен пат потпиша ваква одредба во септември, повикувајќи 120 000 граѓани во редовна служба, објави државната новинска агенција ТАСС.

Во тоа време, руското Министерство за одбрана рече дека есенското регрутирање „не било поврзано со специјална воена операција“, официјален термин на Русија за инвазијата на Украина.

Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Сите мажи во Русија, на возраст од 18 до 27 години, треба да поминат една година воена служба или еквивалентна обука додека студираат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вештачката интелигенција ги одреди најдобрите 11 фудбалери на сите времиња

Следно

Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Дениелс

Latest from Blog

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop