Шпанскиот премиер во Кина: „Никој не сака економска фрагментација или војна“

March 30, 2023
1 min read

ОВИЕДО (АА) – По пристигнувањето во Кина денес, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во заштита на меѓународната соработка околу трговијата, климатските промени и војната во Украина, пренесува Анадолу.

„Нашите гледишта може да бидат различни во одредени области, но треба да продолжиме да градиме мостови и наша меѓусебна доверба“, рече Санчез за време на неговото обраќање на Форумот за Азија во Боао, на кинескиот остров Хаинан.

Утре Санчез ќе стане третиот европски лидер што ќе го посети кинескиот претседател Си Ѓинпинг од избувнувањето на пандемијата, по германскиот канцелар и претседателката на Европскиот совет кон крајот на минатата година.

Пред посетата Санчез рече дека војната во Украина ќе биде клучна тема во неговите разговори со Си. „Важно е од прва рака да се разбере неговиот став за мирот во Украина и да му се даде до знаење дека Украинците ќе бидат тие што ќе ги постават условите за мир“, изјави Санчез за медиумите минатата недела.

Сепак, неговата реторика на Форумот во Боао имаше понеутрален и кооперативен тон.

Шпанскиот премиер пред присутните изјави дека во текот на минатата недела се сретнал со над 40 светски лидери на Иберо-американскиот самит и на состанокот на Европскиот совет.

„На секој состанок ја слушнав истата желба за мир, стабилност и просперитет. Никој не сака економска фрагментација или војна“, рече тој.

Тој ги критикуваше економскиот протекционизам и руската „нелегална и брутална агресија во Украина“ и повика на поголема соработка околу глобалните прашања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Империја“: Митровски доби условна казна, треба да плати и отштета од 1,5 милиони евра во Буџетот

Следно

Бранка Станковска – една од старите скопјанки чие име е препознатливо и денес!

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop