Специјален истражител ќе го разгледа начинот на кој Бајден постапува со доверливите документи

January 12, 2023
1 min read

Американските власти понекогаш назначуваат специјални истражители за политички чувствителни случаи кои ги извршуваат своите задачи со одреден степен на независност од Министерството за правда, вклучително и Гарланд, кој беше назначен од Бајден

Државниот обвинител Мерик Гарланд денеска назначи специјален истражител да го испрашува претседателот Џо Бајден, откако во неговиот дом беа пронајдени чувствителни владини документи, истрага што може да влијае на очекуваната кандидатура за претседател на Демократската партија во 2024 година.

Објавата на Гарланд дојде неколку часа откако адвокат од Белата куќа рече дека адвокатскиот тим на Бајден пронашол втор сет на доверливи документи од неговото време како потпретседател во гаражата на неговиот дом во Делавер.

Белата куќа во понеделникот соопшти дека доверливите документи од неговите потпретседателски денови биле откриени во ноември во просториите на тинк-тенк во Вашингтон.

Гарланд истакна дека поранешниот јавен обвинител на Мериленд, Роберт Хур, ќе биде специјален истражител за ова прашање. Американските власти понекогаш назначуваат специјални истражители за политички чувствителни случаи кои ги извршуваат своите задачи со одреден степен на независност од Министерството за правда, вклучително и Гарланд, кој беше назначен од Бајден.

Специјалните истражители понекогаш, но не секогаш, поднесуваат кривични пријави.

Во ноември, Гарланд го назначи Џек Смит за специјален истражител за да ги надгледува истрагите на Министерството за правда за начинот на кој поранешниот претседател Доналд Трамп постапува со доверливи документи и неговите напори да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Трамп, кој беше поразен од Бајден во 2020 година, ја објави својата кандидатура за претседател во ноември 2024 година. Се очекува Бајден официјално да ја објави својата кандидатура во наредните месеци.

Последните откритија се срамни за демократскиот претседател бидејќи властите со месеци ги истражуваат архивите на неговиот претходник, републиканецот Доналд Трамп, кој со месеци ги криеше сопствените архиви од неговиот претседателски мандат на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Сомневајќи се за можно попречување на истрагата, ФБИ побара и доби судско одобрение во август да го претресе домот на Трамп, каде што агентите пронајдоа повеќе од 13 000 дополнителни записи, од кои околу 100 беа високо доверливи.

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседатели и потпретседателите да ја предадат целата документација, пораки, е-пошта, писма и работни документи до Националниот архив.

Бајден на заедничката прес-конференција со лидерите на Мексико и Канада во вторникот изјави дека сериозно ги сфаќа доверливите документи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена

Следно

Зеленски: Помошта на Полска и Литванија во тенкови може да биде пример за другите земји

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop