Во кутии со банани пронајдени 1,2 тони кокаин

March 30, 2023
1 min read

Германската полиција заплени 1,2 тони кокаин во кутии со банани во општината Грос Кројц во областа Потсдам-Мителмарк, објави „Тагесшпигел“.

Ова е досега најголемата заплена на дрога во покраината Бранденбург, изјави портпаролот на полицијата, Марио Хајнеман.

По дојава на еден од вработените, полицијата во вторникот попладне во голема акција ги опколила просториите на голем трговец со овошје, изјави портпаролот.

По извршениот претрес, откриена е поголема количина на дрога.

Утврдено е дека кокаинот со брод е пренесен од Јужна Америка во Германија, а од таму по копно до Грос Кројц. Минатиот јули во Брандербург беа запленети 660 килограми кокаин.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Субвенции за санација на постоечките лифтови и поставување нови во Карпош

Следно

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Latest from Blog

Се породи српската пејачка Александра Пријовиќ

Ова е првата ќерка во семејството Живојиновиќ по многу години, и затоа беше со нетрпение очекувана. Александра Пријовиќ се породи во приватна клиника, објави Телеграф. Пејачката влезе во породилното одделение пред неколку

ЗОШТО ПРОПАДНА ТУРИЗМОТ ВО ДУБРОВНИК?! Нечинеле гостите. Кога шише вода продаваат за 10 евра…

Што предизвика август во Дубровник да биде толку лош што угостителите повторуваат: „Не се случи повторно“? Дали проблемот е во високите цени и фактот што шише вода чини 10 евра, или гостите

Ѓорѓиевски вечерва во Карпош: „Време е за реални промени во Скопје“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се сретна со жителите на Злокуќани во општина Карпош. На средбата присуствуваа и идниот кандидат за градоначалник на
Go toTop