Грција ќе набави израелски ракетни системи

March 30, 2023
1 min read

Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја одобрил набавката на ракетните системи SPIKE- NILOS за потребите на армијата.

Според грчките медиуми, станува збор за израелски ракетни системи, односно прецизно оружје што може да се користи и дење и ноќе, може да се постави на секаков вид на копнена или поморска платформа, а според државната телевизија „ЕРТ“ е идеално оружје за одбраната на земјата на границите.

Има напреден систем за контрола на траекторијата во реално време за време на летот на проектилот.

Информативниот портал „Њуз 247“ пишува дека израелските ракети SPIKE- NILOS можат да го претворат секое морско подрачје околу островите во „зона без пристап“, без разлика дали се под закана од воздух од непријателски хеликоптери или од закана од морето, па дури и од поголеми воени бродови.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чарлс Трети: Обединетото Кралство и Германија стојат покрај Украина во одбрана на нејзината слобода од руската агресија

Следно

Владата донесе одлука за основање Центар за култура на турската заедница

Latest from Blog

Мециновиќ во Аргумент плус: Левица на локалните избори ќе има кандидати во повеќе градови вклучително и за Град Скопје

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ во Аргумент плус рече дека на локалните избори ќе имаат кандидати за повеќе градови во Македонија, вклучително и општини во Скопје и Град Скопје. Тој рече и

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството

Мировен план на Трамп за Украина и Русија

Според планот на Трамп, Русија ќе задржи повеќето од освоените територии, а Москва ќе мора да се повлече од две помали области, каде Украина би ја вратила контролата и би имала непречен
Go toTop