Сенатот гласаше за укинување на правото на Белата куќа да одлучува за војна или мир

March 29, 2023
1 min read

Сенатот денеска во двопартиска усогласеност гласаше за укинување на резолуците донесени во 1991 и 2002 година за воени операции во Ирак, како прв чекор кон тоа Конгресот да си го врати правото да одлучува дали САД да одат во војна или не.

За многумина, овластувањето што го поседуваше извршната власт, беше грешка.

Во текот на инвазијата на Ирак во 1990-те се проценува дека биле убиени стотици илјади, а речиси 5.000 американски војници беа убиени во војната откако администрацијата на претседателот Џорџ Буш-помладиот погрешно тврдеше дека Садам Хусеин складирал оружје за масовно уништување.

– Ова тело побрза во војна што имаше огромни последици, рече сенаторот од Вирџинија Тим Кејн, демократ, кој со години се залагаше за укинување на овластувањата.

Сенаторите гласаа 66 „за“ наспроти 30 гласа „против“ да се укине мерката од 2002 година, а исто така и овластувањето од 1991 година, што ја санкционираше Заливската војна предводена од САД.

Претставничкиот дом на САД, исто така треба да го изгласа укинувањето на ова овластување, иако тоа нема да влијае на тековните воени планови и распоредувања.

Се предвидува законодавачите од двете партии да ги вратат овластувањата на Конгресот, што ги дадоа на Белата куќа, да одлучува за американските воени планови и распоредувања.

Некои законодавачи кои гласаа за војната во Ирак пред две децении сега велат дека тоа било грешка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белгија приведени седум лица осомничени дека планирале терористички напади

Следно

Винисиус одби да ја носи легендарната „седумка“ на Реал

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop