Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти

March 29, 2023
1 min read

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека на меѓународните спортски манифестации кои ќе ги организира неговата земја ќе им биде забранет настап на руски и белоруски спортисти, дури и под условите кои за нив ги препорача Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за учество под неутрални државни обележја.

„Русите нема да настапуваат во Полска. Нема да има руски спортисти на натпреварувањата организирани во Полска. Ако МОК бара тие да учествуваат, ние нема да се согласиме“, изјави полскиот премиер.

Шефот на полската Влада додаде дека официјална Варшава нема да спречува полски спортисти да настапуваат на натпреварувања на кои ќе учествуваат Руси и Белоруси, но оти полските власти ќе настојуваат да се поврзат со земји кои имаат влијание да извршат притисок врз МОК.

„Одлуката на МОК за враќање на руски спортисти на меѓународната сцена е скандал и предавство на вистинскиот дух на спортот. Побарав од министерот за спорт Камил Бортнјичук да го пренесе во МОК нашето решително противење. Ќе направиме сè што е во наша моќ спортот да остане слободен од руско влијание“, објави Моравјецки на Твитер.

Против можноста под неутрално знаме на меѓународните натпреварувања да се вратат руските и белоруските спортисти кои не ја поддржуваат активно руската агресија врз Украина се изјасни и соседна Чешка

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халанд под истрага на англиската полиција

Следно

На ирски фудбалски репрезентативец му е дијагностициран аутизам

Latest from Blog

Ученик со нож прободел ученичка во средно училиште во Словенија

Во Средното медицинско училиште во Мурска Собота, во Словенија, еден ученик со нож прободел ученичка од истото училиште. Напаѓачот е уапсен, а ученичката се здобила со полесни повреди, соопшти полицијата. Директорката на

Градоначалникот Коњановски меѓу скијачите: Зимски одмор со бесплатен превоз до Нижеполе и Копанки

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ски терените кај Нижеполе, каде денеска имаше посетители кои уживаат во убавината на планинските предели. Како што веќе беше објавено Општина Битола

Масовни антивладини протести во Иран, исклучен интернетот – властите тврдат нема протести и прикажуваат празни улици

Во Техеран и другите ирански градови се одржуваат масовни антивладини протести, а снимките од теренот ги покажуваат најголемите демонстрации во последниве години. Немирите, што влегоа во 12-тиот ден, се поттикнати од гневот

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците
Go toTop