Двотомното издание „Македонија – Јозеф Обрембски“ промовирано во Народниот етнографски музеј во Варшава

March 29, 2023
1 min read

Во Народниот етнографски музеј во Варшава, Полска, се одржа промоција на двотомното издание „Македонија – Јозеф Обрембски“, книги составени од проф. Ана Енгелкинг од Институтот за славистички студии при Полската Академија на науки, базирани на истражувачките материјали и записи од полскиот етнолог Јозеф Обрембски. Тој материјалите ги собираал во текот на неговиот истражувачки престој во Порече, Македонија, во 1931-32 година.  Во овој проект исто така учествуваа проф. Јоана Ренкас и  Илија Упалевски кои дадоа голем придонес во транскрипцијата и стручната редакција на текстовите.

На самиот настан со поздравен говор се обрати Илија Псалтиров, амбасадорот на Македонија во Полска, како и директорот на Народниот Етнографски Музеј во Варшава, Роберт Зидел.

Настанот продолжи со панел дискусија во која учествуваа проф. Ана Енгелкин, проф. Каролина Беленин – Ленчовска, антрополог и лингвист, професор-асистент при Институтот за Етнологија и културна антропологија на Варшавскиот универзитет како и проф. Марчин Лубаш, антрополог кој работи при Институтот за социологија при Јагилонскиот универзитет.

Книгите се печатени на полски јазик и се состојат од 1300 стр. уникатен и значаен етнографски и историски материјал, непосредно пишано сведоштво за македонската кутура, записи од теренските истражувања на полскиот етнологот и социолог Јозеф Обрембски, при неговиот престој во селата од Поречјето од август 1932ра до март 1933та.

Денес оригиналите од овие записи се чуваат во Архивот на библиотеката Ду Боа на Универзитетот Масачусетс, а кај нас при Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет во Скопје постојат копии на дел од овие материјали.

Настанот беше организиран од Полското етнолошко друштво и Народниот етнографски музеј во Варшава. Во публиката присутни беа видни истражувачи и научници од полската академска сфера, поранешни дипломати на Полска во  Македонија, како и голем број претставници на Македонската заедница во Полска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Баерн Минхен влегува во трката за потписот на Гави

Следно

Естонија ја реновираше својата армијата на сметка на Украина

Latest from Blog

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и

Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ги критикуваше обвинителите и судиите. На дебата посветена на реформската агенда усогласена со Европската Унија, тој истакна дека не може да има европско општество ако обвинителот бира по
Go toTop