Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

November 13, 2026
1 min read

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен со директорот на ЈП „Комуналец“, апелираше до граѓаните на зголемена внимателност.

Според информациите што ги соопшти Коњановски, ветерот на моменти достигнувал удари над 50 километри на час. До 14:30 часот, кај надлежните служби биле пријавени околу 20 паднати дрвја на јавни површини и во дворови на станбени згради. Дел од дрвјата оштетиле паркирани автомобили.

Екипите на ЈП „Комуналец“ интервенирале во текот на денот, а по прекинувањето на силните налети започнале со целосно расчистување и отстранување на паднатите дрвја и гранки.

Коњановски наведе дека, според информациите од Итната медицинска помош и Клиничката болница во Битола, на тројцата повредени им била укажана помош на одделенијата за ортопедија и максилофацијална хирургија, по што биле пуштени на домашно лекување. Тој им посака брзо закрепнување.

Повикувајќи се на информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, градоначалникот посочи дека ветер се очекува до вечерните часови.

„Апелирам на голема внимателност од граѓаните, до стабилизирање на временските услови и комплетно расчистување на теренот од страна на јавните претпријатија“, порача Коњановски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Latest from Blog

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,
Go toTop