Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола.
Публиката имаше можност за заедничко слушање на музиката зад која стојат Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски, музичари со меѓународни кариери.
Од Општина Битола истакнуваат дека вечерта била можност присутните да се посветат на музиката и на деталите што често остануваат незабележани во секојдневното брзање.
Во освртот на настанот, Општината ја нагласува и поврзаноста на градот со неговите уметници, кои преку својата работа и настапите на светските сцени продолжуваат да придонесуваат за културниот идентитет на Битола.
Слушачката промоција го најави винилното издание „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, поврзувајќи го музичкото творештво со еден од препознатливите културни простори во градот.

