Руни жестоко го нападна Бруно Фернандеш: „Го фрли Карик под автобус, тоа не е лидерство“

October 22, 2026
1 min read

Убедливиот пораз на гостувањето кај Комо како да го урна и она малку позитивно што го следеше Манчестер јунајтед од почетокот на сезоната. Освен дебаклот на теренот, дополнителни реакции предизвикаа и зборовите на капитенот Бруно Фернандеш, кој ја доведе во прашање тактичката одлука на менаџерот Мајкл Карик.

Иако Португалецот не го обвини директно тренерот, неговата изјава јасно алудираше на незадоволство од тактичкиот пристап. Таквиот настап воопшто не му се допадна на легендата на Црвените ѓаволи, Вејн Руни, кој упати остри критики кон капитенот.

„Го слушав Бруно по натпреварот и, да бидам целосно искрен, мислам дека целосно полуде. Да застанеш пред камерите и на ваков начин да ги фрлиш Мајкл Карик и стручниот штаб под автобус е неприфатливо за кој било играч, а особено за капитенот на Манчестер јунајтед.

Кога ја носиш капитенската лента, треба да застанеш зад тимот, да преземеш одговорност и да ги заштитиш соиграчите. Не излегуваш јавно да ја доведуваш во прашање тактиката и да покажуваш со прст кон организацијата на играта само за да се ослободиш од одговорноста по пораз од 1-4 од Комо. Тоа не е лидерство, туку играч кој се грижи единствено за сопствената репутација“, порача Руни, кој и претходно го критикуваше Фернандеш.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед смета дека однесувањето на капитенот е јасен показател за нарушените односи во соблекувалната и губењето на авторитетот на Карик.

„За секој што го гледа тимот е очигледно дека Мајкл Карик ја губи соблекувалната. Кога ќе видиш екипа без енергија, која прима гол уште во првите две минути, а потоа капитенот веднаш излегува на телевизија и отворено го критикува планот за игра, авторитетот на менаџерот е сериозно нарушен. Играчите очигледно повеќе не веруваат во она што им го кажува.

Но, Бруно треба прво да се погледне во огледало пред да покажува со прст кон Карик. Тој е само сенка на играчот што беше кога пристигна на „Олд Трафорд“. Неговите настапи во последните неколку месеци се далеку под нивото што се очекува од него. Искрено, нема право да зборува за тактика кога на теренот не придонесува ништо.

Ако веќе сака да ги критикува инструкциите на Карик, тогаш треба прво самиот да покаже квалитет на теренот. Тој беше пасивен, не успеа да влијае врз натпреварот, а потоа излезе и јавно го поткопа својот менаџер. Кога капитенот почнува да се однесува на таков начин, тоа целосно го уништува единството на тимот и покажува дека соблекувалната е поделена“, заклучи Руни.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Пет децении пријателство меѓу Битола и Херцег Нови, нов меморандум за заедничка иднина

Следно

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Latest from Blog

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани

Коњановски: Пет децении пријателство меѓу Битола и Херцег Нови, нов меморандум за заедничка иднина

Со потпишување Меморандум за потврдување на соработката и симболично садење дрво на пријателството, во Херцег Нови беа одбележани пет децении од збратимувањето со Битола. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, кој порача

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав
Go toTop