Стотици илјади луѓе во Турција и Сирија се останати без работа по катастрофалниот земјотрес

March 28, 2023
1 min read

Првите податоци покажуваат дека земјотресите во Турција доведоа до намалување на работната активност и дека околу 658 000 луѓе се без работа или приход, велат од Меѓународната организација на трудот

Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Над 828 000 работници се останати без работа по серијата земјотреси што во февруари ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, објави Меѓународната организација на трудот.

Првите податоци покажуваат дека земјотресите во Турција доведоа до намалување на работната активност и дека околу 658 000 луѓе се без работа или приход, според проценката на таа агенција на ОН.

Во Сирија, каде веќе 12 години трае граѓанска војна која нанесе големи штети на економијата и на пазарот на трудот, околу 170 000 работници останаа без работа поради земјотресот.

„Без итна и насочена помош, со сиромаштијата, неформалното вработување и детскиот труд бројот веројатно ќе се зголеми“,

предупреди организацијата, додавајќи дека отворањето работни места е од суштинско значење за „ефективен и инклузивен одговор“ на катастрофата.

Меѓународните донатори на конференцијата во Брисел минатата недела ветија дека ќе обезбедат седум милијарди евра помош за населението на Турција и Сирија погодени од земјотресот на 6 февруари во кој загинаа повеќе од 56 000 луѓе и предизвика штета која се проценува на повеќе од 100 милијарди евра.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На протестите во Франција околу 740.000 луѓе

Следно

Муцунски дециден: Уставни измени во овој парламентарен состав, нема да има, ВМРО-ДПМНЕ нуди план во три точки

Latest from Blog

Црн пантер повторно сее страв низ Бугарија- ловец во шума едвај се спасил

Средбата поминала без повреди, но експертите и мештаните предупредуваат на потенцијална опасност за луѓето, особено за децата, објави Блиц. Архитектот и ловџија Добрил Добрев бил на вечерна прошетка кога видел црн пантер

Трамп изјави дека е подготвен за втората фаза од санкциите против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва да склучи примирје

Омерагиќ: Табелата за Светско првенство, никогаш не изгледала поубаво!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим

Грузија ја декласира Бугарија!

ФОТО: Georgia national football team/FB Во меч од квалификациската група Е, селекцијата на Грузија на свој терен во Тбилиси со 3:0 успеа да слави над Бугарија и со тоа да дојде до
Go toTop