Николоски: Планираме девет нови воза и пет електрични локомотиви во следните две до три години

October 16, 2026
1 min read

Преку ИПА 3 програма на ЕУ планираме да ја реконструираме, надградиме и електрифицираме пругата од Велес до Битола, истакна во емисијата “Само Интервју” на ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владaта и министер за транспорт Александар Николоси.

“  Вчера имавме состанок за ИПA-2 и ИПA-3 со амбасадорот на ЕУ и неговиот тим и веќе целата делница од Велес до Битола влезе во ИПА-3, која што треба да биде усвоена до крајот на годината од ЕУ и веќе од 1 јануари да е оперативна. Секако, ќе има процес на тендерирање, избор на изведувач, изведба, но веќе Велес-Битола влезе како приоритет. Таму одиме со реконструкција, надградба и многу важно  електрификација, затоа што сега до исклучувањето кај Велес е електрична, а после тоа мора да се користи дизел локомотива. Така што, ако имаме електрична, ем ќе е поевтино, ем еколошки е подобро” -истакна Николоски. 

Тој најави и набавка на нови возови и локомотиви

“ Се договоривме со Европската банка за обнова и развој за набавка на најмалку 5 електрични локомотиви, нагласувам електрични, тоа е во насока на оваа зелена агенда којашто ја тераме. И второ, при крај сме на договор со Светска банка за набавка на 5 до 7 патнички гарнитури, а дополнително на тоа од сопствени средства, затоа што МЖ Транспорт е веќе во далеку подобра финансиска состојба, очекувам 2 воза да набават сами во текот на следната година. Значи, ќе имаме 9 нови воза во следните 2 до 3 години и 5 нови локомотиви” – истакна вицепремиерот Николоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Следно

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Latest from Blog

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина

Костовски продолжува со трансформацијата на населбата Скопје Север, целосна реконструкција на улицата „Костурска“.

Општина Бутел започна со целосна реконструкција на двата паркинга во населбата Скопје Север. Проектот има за цел подобрување на условите за паркирање и уредување на јавните површини за жителите. Градоначалникот на Општина

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол
Go toTop