Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

October 15, 2026
1 min read

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Настанот, во организација на здружението „Современо земјоделство“, преку панел-дискусии ги отвори темите за можностите и предизвиците на дигиталното земјоделство и за жената како двигател на современото земјоделство и руралниот развој.

Во своето обраќање, Коњановски го истакна придонесот на руралните жени во земјоделското производство, локалната економија и развојот на руралните средини.

Тој нагласи дека и во време на дигитализација и примена на современи начини на работа, традиционалното производство задржува посебна вредност. Во тој контекст ја посочи умешноста на жените, кои ги пренесуваат знаењата и вештините наследени од своите мајки и баби.

„Руралната жена е уникатна приказна во тој дел, каде само таа може да го направи она што денеска има посебна вредност, а тоа се производите подготвени од вредните раце и нејзината умешност“, истакна Коњановски.

Во рамките на манифестацијата беа доделени признанија на жени кои придонесуваат кон развојот на агросекторот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Следно

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан

Божиновска: Со новите закони до поголема контрола на јавно-приватните партнерства

Економската оправданост на проектите и заштитата на јавниот интерес треба да бидат основа на јавно-приватните партнерства и концесиите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на дискусија организирана од
Go toTop