По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и во вторникот, дури на 11 имаше четири или повеќе погодоци што покажува дека имало многу возбудувања.
Тоа што е впечалтливо е дека сите четири италијански екипи претрпеа порази. Рома најмногу има да жали, затоа што водеше со 3:1 против Реал Мадрид, но на крајот на својот „Олимпико“ загуби со 3:4.
На гостински терен водеа и Комо и Наполи, но загубија од Феенорд и Вилјареал. Комо прв даде гол на теренот на Феенорд, но на крајот холандскиот тим славеше со 3:1. Слично беше и во Вилјареал, каде шпанскиот тим губеше со 0:1 од Наполи, а на крајот победи со 3:1.
Интер пред своите навивачи беше голем фаворит против Бриж, но на крајот загуби со 3:4. Едноставно сите четири италијански екипи загубија во второто коло од ЛШ.
Колку за споредба, двете норвешки екипи кои се дел од ЛШ имаа многу поголеми успеси од италијанските екипи. Викинг против Баерн Минхен одигра 3:3, а Бодо/Глимт истотака во пресметка со германски ривал, славеше со 1:0 над Борусија Дортмунд. Едноставно норвешките екипи покажуваат дека се одлични за да парираат и на најдобрите во ЛШ.
Извор: sportmanija.mk

