Португалија: Две лица загинаа во напад во исламски центар во Лисабон

March 28, 2023
1 min read

МАДРИД (АА) – Најмалку две лица загинаа во напад со нож во исламски центар во Лисабон, главниот град на Португалија, пренесува Анадолу.

Повикувајќи се на полициски извори, португалската новинска агенција „Луса“ јавува дека две лица го загубиле животот во утринскиот напад на авганистански државјанин врз исмаилискиот исламски центар во Лисабон.

Напаѓачот, за кој се наведува дека е повреден, е префрлен во болницата „Санта Марија“.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.

Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека полицијата рано интервенирала и веднаш го фатила напаѓачот.

„Сè уште е рано да се коментираат мотивите за нападот. Изразувам сочувство и солидарност до исмаилиската заедница и семејствата на жртвите“, рече Коста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Туркије: Мачка спасена од урнатините 49 дена по земјотресот

Следно

Србија и Унгарија ќе ги поканат С Македонија и регионот да се приклучат кон изградбата на брза пруга

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop