ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕЃУНАРОДНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

October 10, 2026
1 min read

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред ја поддржа Регионалната школа за срцева слабост (Master Course in Heart Failure), која од 17 до 19 септември 2026 година се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје. Настанот обедини еминентни професори и медицински експерти од САД и Европа, кои со домашните кардиолози споделија современи научни сознанија, искуства и пристапи во дијагностиката и лекувањето на срцевата слабост.

Особено значајно е што со организирањето на овој курс, Северна Македонија се најде на европската листа на стручни едукативни настани од областа на кардиологијата, што претставува признание за капацитетите на домашната медицинска заедница и можност за понатамошна меѓународна соработка.

За својот придонес во реализацијата на настанот, ФЕРО ИНВЕСТ доби сертификат за благодарност, во кој организаторите ја истакнуваат важноста на соработката во јакнењето на капацитетите во кардиологијата и унапредувањето на здравјето на срцето како општествен приоритет.

За ФЕРО ИНВЕСТ, поддршката на ваквите иницијативи е дел од определбата за општествено одговорно работење. Компанијата смета дека улогата на бизнис-секторот не се исцрпува со создавањето економска вредност, туку подразбира и придонес во областите што се од суштинско значење за квалитетот на животот на граѓаните.

Токму затоа, ФЕРО ИНВЕСТ ги охрабрува и останатите компании во Македонија, во рамките на своите можности, да се вклучуваат во поддршката на научни, образовни и здравствени иницијативи.

Вложувањето во знаење, наука и професионална едукација е вложување во долгорочниот развој на општеството. Поддршката на медицинските професионалци и нивното континуирано усовршување создава услови за пренесување на современи светски искуства и нивна примена во домашната здравствена практика.

Напредокот во здравството и науката е придобивка за целото општество, а неговата поддршка е заедничка одговорност на институциите, стручната јавност и бизнис-заедницата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната

Следно

Божиновска: Нова стратегија за искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија

Latest from Blog

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат

Божиновска: Нова стратегија за искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија

Со Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година се поставува долгорочна рамка за подобро искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија, истакна министерката за

Промет од 30,68 милиони денари на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 05.10.2026–09.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 30.677.124,16 денари: 30.179.194 денари со акции и 497.930,16 денари со обврзници на
Go toTop