Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

October 2, 2026
1 min read

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината.

Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги следат состојбите на трансфер-пазарот и ги прават плановите за следните два преодни рока.

Според „Ла Газета дело Спорт“, Барселона, Јувентус и Милан покажале интерес за 27-годишниот бразилски десен бек, кој со Фиорентина има договор до летото 2027 година.

Фиорентина веќе подолг период се обидува да постигне договор со Бразилецот за продолжување на соработката, но засега нема конкретен напредок. Преговорите траат речиси две години, а клубот во неколку наврати му понудил нов договор, но одговор од фудбалерот сè уште нема.

Тука шансата ја гледа Барселона, а можно е Додо да остане и во Италија, но во некој од гигантите, Јувентус или Милан.

Додо во Фиорентина пристигна од Шахтјор во 2022 година и оттогаш има важна улога на десната страна од теренот. Сепак, останува отворено прашањето колку долго уште ќе го носи виолетовиот дрес.

Досега за Фиорентина одигра 114 натпревари во Серија А, а на сите натпревари во сите конкуренции има постигнато два гола и запишано 12 асистенции.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Следно

Tentim-vrasja e 3-vjeçarit në Leposaviq, 30 ditë paraburgim për të dyshuarën

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува

Манчестер сити би можел да добие и дополнителна казна од ФА на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија конечно се огласи за случајот со Манчестер сити, со што целата ситуација добива нова димензија. Случајот со Манчестер сити, односно наводните прекршувања на финансиските правила од страна на
Go toTop