МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија.
Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда на ТС Скопје 4, започнува нејзина целосна реконструкција.
Предвидена е поставување нова термоизолација и фасада, замена на прозорците и вратите, санација на кровот, како и воведување современи системи за греење, ладење и вентилација.
Во ТС Скопје 4 ќе биде поставена и фотоволтаична централа за сопствени потреби. Со тоа се очекува да се зголеми енергетската ефикасност, а да се намалат потрошувачката на електрична енергија за сопствени потреби и оперативните трошоци.
Од МЕПСО посочуваат дека инвестициите се насочени кон модернизација на електропреносната мрежа и зголемување на сигурноста на системот.
„Инвестираме во мрежата. Инвестираме во сигурноста“, порачаа од компанијата.

