Screenshot

Швеѓаните сè помалку пушат цигари: што стои зад промената на културата на пушење?

September 30, 2026
2 mins read

Шведска е сè поблиску до општество во кое класичната цигара станува исклучок. Во 2024 година само 5,4% од населението на возраст од 16 до 84 години пушело секојдневно, што ја става земјата меѓу европските примери со најниска стапка на пушење. Но зад падот на бројот на пушачи се отвора едно ново прашање: дали иднината без чад значи и иднина без никотин?

Дел од полнолетните пушачи ги заменуваат цигарите со производи без согорување, додека растечката употреба на новите никотински производи.

Токму затоа шведскиот модел денес е интересен не само поради тоа колку луѓе престанале да пушат, туку и поради начинот на кој земјата се обидува да воспостави рамнотежа меѓу намалувањето на штетата за полнолетните пушачи и спречувањето нови генерации да започнат со употреба на никотин.

Најголемиот проблем е чадот

Кога се зборува за намалување на штетата од тутунот, клучна е разликата меѓу производите што согоруваат тутун и оние што не го прават тоа.

Класичната цигара создава чад преку согорување. Токму во тој процес се создаваат голем број штетни и токсични материи на кои е изложен пушачот.

Никотинските кесички, од друга страна, не се палат и не создаваат чад или пепел. Тие се користат орално, а никотинот се апсорбира преку слузницата во устата.

Но тоа, не ги прави безопасни.

Никотинот создава зависност, а долгорочните ефекти од поновите никотински производи сè уште се истражуваат. Сепак, денес сè повеќе се прави разлика меѓу ризикот од никотинот и ризикот од согорувањето на тутунот.

Американската FDA, на пример, наведува дека никотинските кесички генерално можат да претставуваат опција со понизок ризик за возрасните пушачи во споредба со цигарите, особено кога станува збор за целосно преминување од пушење кон производ без согорување. Истовремено, институцијата нагласува дека овие производи не се без ризик и дека луѓето кои не користат никотин не треба да започнат.

Токму тука се наоѓа суштината на концептот tobacco harm reduction.

Најдобрата опција за пушачот останува целосно да престане да пуши и да користи никотин. Но доколку полнолетен пушач не се откажува, прашањето е дали преминувањето кон производ што не согорува тутун може да го намали неговото изложување на дел од штетните материи од чадот.

Младите стануваат најголемиот тест за шведскиот модел

Никотинските кесички се дискретни, не оставаат мирис на чад и можат полесно да се користат без да бидат забележани. Токму карактеристиките што можат да бидат практични за возрасен пушач кој бара замена за цигарата, истовремено создаваат нов предизвик кога станува збор за младите.

Затоа прашањето повеќе не е само: „Како да се намали пушењето?“ – прашањето е и: „Како да им се овозможи на полнолетните пушачи пристап до потенцијално помалку штетни алтернативи, а истовремено тие производи да останат подалеку од малолетниците и непушачите?„

Шведска веќе се обидува да ја постави таа граница.

Никотинските производи без тутун може да се продаваат само на лица над 18 години, продавачите имаат обврска за проверка на возраста, а пакувањата мора да содржат здравствено предупредување дека производот содржи никотин кој создава силна зависност. Шведските правила предвидуваат и ограничувања во маркетингот, вклучително и забрана тој конкретно да биде насочен кон или да прикажува лица помлади од 25 години.

Значи ли тоа дека Шведска го пронашла решението?

Ниската стапка на пушење во земјата не може да се припише на еден производ или една политика. Зад неа стојат децении превенција, даночни политики, ограничување на рекламирањето, возрасни граници и создавање средини во кои пушењето станува сè помалку присутно.

Но шведскиот пример отвора важна дебата за следната фаза во борбата против пушењето.

Досегашната политика во голема мера се обидуваше да одговори на прашањето како луѓето целосно да се откажат од цигарите.

Новата дебата додава уште едно: што со оние кои нема да се откажат веднаш?

Доколку различните никотински производи носат различно ниво на ризик, тогаш за полнолетните пушачи може да биде важно да имаат точни информации за тие разлики.

Но паралелно, општеството има уште една обврска: новите производи да не станат почетна точка за младите.

Ако Шведска успее истовремено да продолжи да го намалува пушењето, да им овозможи на полнолетните пушачи кои не се откажуваат да преминуваат кон опции со понизок ризик и да го спречи растот на употребата на никотин меѓу малолетниците, тогаш нејзиниот модел може да стане многу поважен од едноставната статистика за бројот на пушачи.

Бидејќи вистинскиот успех не би бил само помалку испушени цигари, туку помалку штета, помалку чад и помалку млади кои воопшто ќе започнат да користат никотин.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Следно

“Nuk ka kurrfarë efekti”, Mehmeti për votimin e Kuvendit për Specialen

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop