Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

September 27, 2026
1 min read

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во округот Мананг, во времето на лавината.

Метеоролошките податоци покажуваат дека во областа на тој врв, висок 7126 метри на границата меѓу Непал и Тибет, во последните денови врне обилно снег. Спасувачката операција е отежната од лошото време, поради што хеликоптерите и спасувачките екипи сè уште не можат да пристапат до местото на несреќата.

„Осум члена на нашиот тим и уште две лица од друга компанија се пријавени како исчезнати“, изјави за АФП Бибхути Чанд Такур од компанијата „Хималаја Холидејс Трекинг“. Непалскиот тим беше испратен на планината пред странските алпинисти со задача да го подготват кампот, да ја организираат рутата и да ги постават јажињата за искачувањето.

Условите се исклучително опасни

Во планинските региони на Непал, во последните неколку дена постојано врне дожд и снег. Ова создава исклучително опасни услови за алпинистичкиот туризам, кој е клучна економска гранка на земјата. Порано оваа недела, алпинистите мораа да се откажат од искачувањето на планината Манасла, осмиот највисок врв во светот, поради зголемен ризик од лавини.

Оваа несреќа се случи помалку од два месеци откако шест лица загинаа на Брод Пик во Пакистан. Меѓу нив беше и познатиот британско-непалски алпинист Нирмал Пурџа. Појужно, во соседниот индиски регион Утар Прадеш, повеќе од 50 лица ги загубија животите поради екстремни временски услови, потврдија тамошните власти.

Во исто време, потрагата по жртвите од поплавите и лизгањата на земјиштето од август продолжува на границата меѓу Непал и Тибет. Повеќе од 6.000 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофата, во која повеќе од 1.400 лица се потврдени како мртви откако се сруши хималајски глечер. Настанот ослободи огромни количини вода и седимент кои се спуштија по долината на реката Тришули и уништија цели населби.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

​Grupet e tifozëve bëhen bashkë, protestë kundër aktgjykimit në Hagë

Следно

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop