Синоќа само Македонија и Сан Марино немаа шут во рамки на голот

September 27, 2026
1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија има црна серија од пет натпревари по ред без постигнат гол, а иако голманот Столе Димитриевски рече дека мора да се подобриме во одбрана како прв предуслов за подобри резултати, јасно е дека и нападот ни е очаен.

Синоќа против Швајцарија, немавме ниту еден шут во рамки на голот. Само Македонија и полуаматерската селекција на Сан Марино која загуби 0-7 од Финска, беа безопасни и немаа шут во рамки на гол за 90 минути. Сите други европски репрезентации ги загрозуваа противничките голови.

Јасно е дека Швајцарија и ваква некомплетна е поквалитетен тим, но оставаме лоша слика. Посакуваме против Словенија да биде подобро и конечно да дадеме гол кој го чекаме 10 месеци. Откако Гоце Седлоски е селектор, Македонија не постигнала гол. Проблемите со ефикасноста почнаа и нешто порано, со Благоја Милевски како селектор. На последните девет меча дадовме вкупно само два гола, откако претходно против Лихтенштајн постигнавме пет.

Од нашите напади се одбрани и една Летонија, а со Казахстан дадовме само еден гол. На сите други средби игравме и со противници кои се прес нас на ФИФА листата, па можеби и не е изненадување што покажуваме офанзивна немоќ.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

Следно

Aksion i madh në veri të Kosovës, nëntë të arrestuar për krime lufte, operacioni lidhet me “Grupin e intelektualëve”

Latest from Blog

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во
Go toTop