Уште два дена остануваат до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лига на нации. Македонија прв пат ќе игра во Б сегментот и тоа против Швајцарија. Дуелите од Лига на нации се многу важни затоа што тие резултати ќе ги одредат барабаните за квалификациите за Европското првенство 2028.
Според направените симулации на Суперкомпјутерот, Македонија треба да биде сместена во третиот барабан по силина, што значи дека би имале два противници кои се посилни од нашата репрезентација.
Интересно е дека по направената симулација, Македонија е сместена во Групата Ј од квалификациите и тоа заедно со гигантот Англија, потоа Украина и аутсајдерот Ерменија. Вкупно 12 групи ќе има во квалификациите од кои првите шест ќе бидат со по пет репрезентации, а останатите шест групи ќе бидат со по четири репрезентации.
Секако ова е само симулација, а вистинските групи во квалификациите за ЕП 2028 година ќе бидат познати по ждрепката која е закажана за во декември оваа година.

Извор: sportmanija.mk


