Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

September 24, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци.

Божиновска ја најави иницијативата денеска, од настанот „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ, во Куќата на науката.

На овогодинешниот натпревар учествуваат 42 средношколски тимови, кои ги претставуваат своите идеи и решенија во областа на зелените иновации.

„Инвестицијата во младите е инвестиција во зелената иднина“, порача Божиновска, посочувајќи дека младите преку своите идеи покажуваат знаење, креативност и храброст да создаваат нови решенија.

Според неа, задачата на институциите е да им обезбедат простор и поддршка на младите, со цел нивните иновативни идеи да добијат можност да се развијат и да станат реалност.

„Истражувајте. Експериментирајте. Создавајте. Младите не се само иднината, тие се креатори на промените што ги правиме денес“, порача министерката.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Latest from Blog

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат
Go toTop