Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да преземат конкретни чекори.
Италијанскиот стратег е без ангажман од летото, кога спогодбено го раскина договорот со Наполи, една година пред неговото истекување. За двете сезони во Неапол, Конте ја освои титулата во Серија А и Суперкупот на Италија, а во двете сезони завршуваше во Топ 2 на табелата. Сепак, настапите во европските натпреварувања беа разочарувачки.
„Калчомеркато“ наведува дека Конте е најсериозниот кандидат во хиерархијата на Манчестер Јунајтед за да го извлече тимот од кризата, откако Црвените ѓаволи на почетокот од сезоната имаат само две победи, две ремија и три порази во сите натпреварувања.
Името на Конте се поврзуваше и со Јувентус и Милан, но Лучијано Спалети и Рубен Аморим успеаја да го намалат притисокот врз себе со добри резултати пред паузата за репрезентативните натпревари.
57-годишниот стручњак добро го познава англискиот фудбал, откако во 2017 година ја освои Премиер лигата со Челзи, како и ФА Купот. Во својата тренерска кариера има уште пет титули во Серија А и два Суперкупа на Италија.
Неговиот втор ангажман во Премиер лигата, на клупата на Тотенхем, беше помалку успешен и заврши предвреме во март 2023 година.
Извор: sportmanija.mk


